ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките за одземање на пасошите на дел од раководството на партијата се донесени под притисок

Од:

Орце Ѓорѓиевски денеска даваше изјава пред Апелациониот суд во Скопје на која што кажа дека барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ биле груб политички обид за притисок врз апелациониот суд со цел истиот да не ги поништи одлуките за одземање на пасошите донесени во првостепена постапка.

– Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на партијата се донесени под притисок. Тоа јасно се гледа по образложенијата, каде нема ниту еден аргумент за одземањето. Токму и првичното барање за притвор е одбиено бидејќи не постои опасност од бегство, односно судот увидел дека се апсурдни, неосновани и политички сомневањата на СЈО, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, барањата за мерки на претпазливост и обезбедување присуство од страна на СЈО во однос на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се без никаква правна основа, крајно неаргументирани и целосно политички мотивирани. Тој доаде дека тие имаат за цел создавање материјал за медиумите на СДСМ кои треба да го претстават ВМРО-ДПМНЕ во негативно светло кај граѓаните во пресрет на претстојните локални избори.

– Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една причина за бегство, бидејќи нема сторено ниту едно кривично дело. Обвинувањата насочени кон луѓе од партијата се целосно политички мотивирани. Тие се чист политички прогон со цел власта порелаксирано да се пазари со македонските државни и национални интереси, промена на името на државата, јазикот, нацијата и историјата, рече Ѓорѓиевски.

Според него, функционерите од партијата ниту се дале во бегство, ниту ќе се дадат, а доколку некој сакал тоа да го стори имал безброј шанси тоа да го направи.

– Судот мора да работи исклучиво согласно закон и никако поинаку. Судот не смее да одлучува врз база на сугестии и притисоци, туку исклучиво врз база на докази. Политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО се преседан за една демократска држава, каде се практикува принципот на владеење на правото и се срам за целата правна фела и државата воопшто, заврши Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер