ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за одземање на пасошите се вклопува во сценариото на Заев

Од:

„Судот подлегна на притисоците на СДС и на нивните поддржувачи. Судот отфрли издржани аргументи на одбраната за укинување на мерките на претпазливост само за да изгледа дека одлуката е на средина, односно да не замери СЈО и СДС за отфрлањето на нивните барања за притвор кои беа чисто политички.



Оваа одлука за одземање на пасошите се вклопува во сценариото на Заев за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката воопшто не е балансирана, туку е на штета за ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои се цел на политички прогон.



Зоран Заев беше фатен со цврсти докази како изнудува поткуп. Судот наместо да ја спроведе правдата, беше јавно понижуван од страна на Заев. Заев не го признаваше судот и неговите одлуки јавно кажувајќи дека нема на ера да се јавува редовно. Заев наоѓаше милион банални причини само за да ги одложува рочиштата и да не се појавува. Измислуваше десетици средби со амбасадори и соработници на амбасади.



Ако постоеше правото и правдата немаше суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како Поткуп од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одтовори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот?



СЈО под политичка палка на СДС гони стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не ја опструира правдата затоа што нема ниту едно сторено кривично дело.



Двојните аршини во одлуките се евидентни. Зоран Заев за случај за барање поткуп со легално прибавени докази на очиглед на целата јавност фатен во криминал, не појавувајќи се на рочишта е сеуште на слобода, а на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ им се одземаат пасошите.



Одлуката на судот е само гола политика, изоставајќи ги правните аргументи.


Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктрутивна и антидржавна политика.

Конечно, со политичките притисоци кои ги прави врз судот, Зоран Заев нема да може да избегне од одговорот кој им го должи на граѓаните, а тоа е одговорот на најважното прашање: Kога планира да го смени името на државата?“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош