ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, СДСМ од Прилеп, во понеделник стартуваат изборните карвани

Од:

Во понеделник, 21.11.2016, започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Партиите ќе ги прошетаат градовите и селата и ќе им ветуваат подобра иднина на гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, кампањата ја почнува в понеделник со митинг во Охрид, а наредниот ден, исто така во Охрид во кампања тргнува и коалицијата ВМРО за Македонија.

СДСМ, кампањата ќе ја почне во Прилеп, а ДУИ во кумановско Липково.

Според најавите од Коалицијата за промени и правда, тие тргнуваат во кампања од Скопје, од хотелот „Континентал“.

Сите партии најавуваат интензивна кампања, митинзи, реклами и средби со граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот