ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Струга вечерва организира доаѓање во Скопје

Од:

Охридските вмроовци доцна вечерва одржаа итен состанок на кој според информации на А1, од членството било побарано утре наутро во што е можно поголем број и организирано да се замине за Скопје , како одговор на протестите кои ги најавува СДСМ. Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов, набрзина и на изненадување на сите го напуштил коктелот кој ОК на партијата во Охрид го организираше со охридските новинари, а по кратко време заминаа и останатите членови на партијата.

Од СДСМ уште претходно најавија дека уште вечерва и утре наутро организирано се оди во главниот град. Да јас утре ќе одам Скопје , а ќе одат и од партијата бројни членови, изјавил за веб порталот Охрид 1 Науме Јованоски, претседател од СДСМ Охрид.

Според наши информации слична состојбата вечерва била и во Струга, и од каде се очекува во голем број да се замине за Скопје

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ