ВМРО-ДПМНЕ: Од највисоките функционери во Грција доаѓаат пораки дека не признаваат македонска нација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

„Изјавата на Оливер Спасовски денес е изјава на гласноговорник на криминалниот картел на власт. Илјада пати да повтори дека договорот со Грција е позитивен за Република Македонија нема да го промени фактот дека овој договор е капитулантски и штетен и директно го загрозува македонскиот идентитет. Впрочем затоа неговиот лидер Заев избегнува да каже Македонија на телевизиски интервјуа. Затоа му стасуваат пораки дека не смее да користи термин „македонска“ кога се обраќа на армијата. Затоа од највисоките функционери во Грција доаѓаат пораки дека не признаваат македонска нација.

Залудно Спасовски говори за евроинтегративен пат на Македонија кога неговата влада ја закова за една година државата на дното на листата за корупција на Транспаренси интернешнл, кога Европска унија им нотира корупција во судството, кога цвета криминалот и корупцијата на картелот на власт преку нивните бизниси, а економијата тоне.


Да владееше правото во Македонија немаше да се водат политички монтирани судски процеси, да се судат луѓе на 81 година затвор, додека од друга страна се замижува пред очигледна снимка на која се бара поткуп од 200 илјади евра или за убиство обвинетите се судат на четири месеци затвор.


Спасовски заедно со својот шеф Заев успеаја да ја урнисаат Македонија и да ја претворат во темен вилает во кој се гази достоинството и правата на народот, а секој кој се противи се соочува со монтирани судски случаи, солзавец или шок бомби.


Им порачуваме, колку повеќе удирате по својот народ, толку побрзо ќе паднете. Народот на крајот ќе победи. Македонија ќе победи, а ликови како Заев и Спасовски ќе завршат на политичкото и историско буниште“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Спасовски

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ