А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин…

by А1он25/06/2018 - 08:57422
Share0

„СДСМ се откажа од сопствениот народ. За само една година владата на СДСМ на чело со Зоран Коте Заев ја брише вековната македонска историја, но и ја загрозува иднината на цела една нација. Со само еден потпис владата на СДСМ се откажа од се што е македонско. Заев се откажа од македонското име, идентитет и јазик за кои се колнеше во своите предци, но и деца дека ќе останат непроменети.

Следете a1on на Instagram Instagram

Македонската жица на Заев очигледно била направена од свила, ако воопшто некогаш постоела, бидејќи тој потпиша досега невидена капитулација на еден народ во светската историја.

Кога договорот ќе стапи во сила македонските историски учебници ако тогаш воопшто можеме така да ги нарекуваме ќе ги пишува и рецензира Грција.

Македонците повеќе нема да учат македонска туку историја одобрена од грчки комисии.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ваквиот капитулантски договор под покровителство на Заев и Димитров атакува на македонското културно наследство, државност и суверенитет, прикажувајќи ја Македонија како целосно нова вештачки измислена творба.

Иако тоа не беше дел од преговорите, сега по волја на Коте Заев, од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин.

Тие ќе исчезнат од македонските учебници, македонските патокази и од сите документи. Македонија ќе биде обврзана да ги користи грчките топоними, кои насилно биле наметнати. Откажувањето од географските поими значи бришење на дел од културата и историјата на еден народ.

Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Солун ќе остане Солун и за Србија и за Бугарија, но Македонците ќе мора да го викаат Тесалоники.

Кукуш, родниот град на македонскиот великан Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден – Едеса. Кутлеш – станува Вергина! Костур – Касториа! Сер – Серес!

Со овој договор се врши бришење на културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет.

Заев очајнички се обидува да ги исполни концесиите на сите страни, па дури и по цена на бришење на сопствениот народ. Македонските национални и државни интереси Коте Заев ги стави на продажба. Коте Заев помогна во остварувањето на вековниот сон на Грција, а тоа е бришењето на македонската нација.

Коте Заев се обидува да го скрши македонскиот непокор. Многумина пробале, но не успеале, а нема да успее ниту Зоран Заев.

Народот си ја сака Македонија повеќе отколку што потомците на Коте од Руља може да претпостават. Љубовта на народот кон Македонија ќе ги порази антидржавните политики на Коте Заев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 18:03

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Горан Наумовски12/08/2026 - 16:58

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски09/08/2026 - 11:2609/08/2026 - 12:24

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:2006/08/2026 - 19:21

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео