ВМРО-ДПМНЕ: Од кога е именуван новиот директор на Клиниката за очни болести до денес не е извршена ниту една хируршка интервенција

Од:

Драги Јовевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека здравството е под удар на непотизмот на владата и дека оваа деструктивна пракса на лошата политика на СДСМ да внесуваат хаос во здравството, без никаков ред, ја почувствувале и пациентите на Клиниката за очни болести.

– Именувањето на директори по партиска и пријателска линија доведе до резултат да не се вршат операции на Клиниката за очни болести. Од моментот кога е именуван новиот директор на оваа клиника на 5-ти јули годинава, до денес не е извршена потенцираме ниту една хируршка интервенција. Според официјалните информации од Министерството за здравство, хируршките сали на клиниките требаше да бидат отворени од 18-ти септември оваа година, но до ден денеска салите се уште не се во функција, рече Јовевски.

Тој додаде дека државниот здравствен систем наместо да работи во корист на граѓаните за да заштедат на трошоци за своето здравје, Татеши ги принудува пациентите да се оперираат на приватни клиники.

– Директорот на Клиниката за очни болести, Татеши има голема листа на пациенти на своето биро, кои чекаат ред за операција на перде, а тој чека ред на аеродоромот за своето наредно луксузно патување. Негрижата за пациентите на секое поле во здравствениот систем од страна на СДС доведе до катастрофални последици по здравјето на граѓаните на Република Македонија. Не е јасно зошто СДС не ја става во употреба новата операциона сала на Клиниката која беше отворена во 2016-та година од страна на ВМРО-ДПМНЕ со инвестиција од 10 милиони денари, вели Јовевски.

Тој го повика Татеши да даде одговор зошто не работи операционата сала на клиниката и зошто граѓаните во 21-век чекаат по една година за наједноставна очна интервенција.

– Ова е голем срам за Клиниката и за министерството за здравство. Голем срам за СДС и неговите новоназначени директори по линија на пријателство и роднински врски. Треба да им биде јасно дека државата се води со професионален кадар, точно и прецизно. Затоа народот на 15-ти октомври ќе биде точен и прецизен и ќе им пресуди за лагите и деструкциите во кои ја вовлекоа Република Македонија, рече Јовевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он