ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

Од:

Од СДС не очекуваме конструктивна или пак аргументирана критика, туку празни соопштенија кои ги пишуваат колку да помине денот. Тоа е само доказ дека кај нив владее очај и паника, од тоа што следи во октомври, а тоа е историски најголем пораз на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Времето кога инфлацијата беше над 20%, кога граѓаните живееја со 150 денари на ден, кога платите и пензиите стагнираа во нивно време – сега тоа време заврши. Сега сме сведоци на поинаква политика која е исклучиво во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Состојбата која ја наследивме беше тешка и лоша, но не се предадовме туку работевме и денес продолжуваме во ист правец.

Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ 5 економии во Европа. Држава во која платите растат во образованието, културата, полицијата, здравството, пензиите се зголемуваат – сега веќе и до 7000 денари за само 18 месеци!

Растот на БДП е 3.2% што е убедливо подобар од минатите години на владеење на СДС. Индустриското производство бележи раст од 9,4%, извозот на земјоделските производи е зголемен за 50% во споредба со минатата година. Исто така, многу важно е да се напомене дека после долг период, ребаланс на Буџет ќе се прави поради зголемени приходи, а не поради минус.

Овие индикатори значат раст, развој и економска стабилност како и правилно управување со јавните финансии. Ова значи чесно и домаќинско работење, за добробит на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави граѓаните како што тоа го направи СДС, туку напротив, ќе работи за подобрување на стандардот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски