Не ги знаеме резултатите, но видовме охрабрени луѓе кои на социјалните мрежи даваа поддршка на надежта и новата иднина, но видовме и притисоци. Ова на прес-конференција по изборниот ден го кажа Миле Лефков според кого имало нерегуларности на изборите забележани од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека нивните информации говорат за полнење на кутии и тн. бугарски возови.
„Забележавме кршење на изборниот молк, притисоци и уцени, злоупотреба на државниот ресурси за партиски цели. Имаме информации за ‘бугарски воз’, информации за полнење на кутии во Сарај за што поднесовме и приговори. Демократијата ја загрозува Зоран Заев и неговата лакомост за фотелја. Она што го очекуваме се добри резултати, во многу општини ќе водиме и победиме. Видовме луѓе на терен кои и покрај нерегуларностите, кои ја препознаа новата иднина и надеж“, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на вечерта, обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави Лефков.
„Изборите не завршуваат во еден момент, во некои избирачки места може да има прегласување, денешната оценка и реакција на ДИК според наши податоци, повеќе од 25 проценти од луѓе не се совпаднале со биометриските читачи. Но, се најде и за тоа модус. Ќе се направат анализи дали тоа влијаеше на излезноста и остави последици за нерегуларности на изборниот ден“, додаде Лефков.