ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нови партиски вработувања во здравството

Од:

„Лицемерието во СДСМ нема крај. Нивните функционери немаат ниту срам ниту перде. Заев ја лажеше целата јавност дека ќе се спротивстави на непотизмот кој што ги зафати изминатите месеци.

Непотизмот не само што не прекина, туку и продолжи да се шири.

Најновите информации кои стигнаа до нас говорат дека и во здравството има вработувања по принципот на Мира Дизел вработувања“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, својата ќерка Марија Кузмановска пред извесно време ја вработила на Гинекологија во Скопје и тоа со дискреционо право на директори и министри.

Интригантно е што ќерката на Кузмановска е општ доктор и е вработена во ГАК, а на Гинекологија сите знаат дека и се потребни специјалисти гинеколози кои недостасуваат.

Замислете општ лекар од Струмица се вработува на Гинекологија во Скопје каде што се потребни специјалисти гинеколози.

Воопшто не им е важно ниту здравството, ниту пак сузбивањето на непотизмот. Важно им е само да ги вработат своите роднини и да си поделат тендери во здравството, додека пак секој ден ни се иселуваат млади лекари.

Ја повикуваме антикорупциската комисија да го испита и овој случај на непотизам. Додека пак Катерина Кузмановска има морална одговорност веднаш да и се извини на јавноста и да си даде оставка.

Не само што не прекинаа со вработување на нивните најблиски СДСМ, туку и продолжија нови да вработуваат, лажејќи го народот во очи, само да ги гласа на изборите.

Епа почитувани, господа од СДСМ Ви дојде крајот.

Во недела волјата на граѓаните ќе биде јасно изразена и ќе ве поразат граѓаните исто како што ве поразија и во првиот круг од претседателските избори.

Ве повикувам сите граѓани во недела масовно да го дадете својот глас против непотизмот, против оваа ненародна и криминална власт и против Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ.

Иден претседател на Република Македонија е професорката Сиљановска која што се бори за право и правдана наспроти СДСМ кои што се борат единствено за личен интерес, за вработувања на своите најблиски и за криминалните тендери“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање