ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да извршува партиски директиви на Заев

Од:

„СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестијата на над 2.000 затвореници меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела. Дел од нив за неполни 24 часа повторно се вратија на криминалот, а жртви беа невини граѓани. Нападнати се и жени и мажи. Разбојништва и кражби се вршени и врз млади и врз стари. Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ прави предизборна коалиција со криминалните структури во државата. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДСМ ќе мора на еден или друг начин да им се оддолжи на овие луѓе кои ја дадоа поддршката за СДСМ за локалните и предвремените парламентарни избори, бидејќи им помогнаа за рекет, купување гласови и притисоци врз гласачите. Како и секогаш цената за штетните политики на СДСМ ја плаќаат граѓаните.

СДСМ е одговорен за штетата која ја предизвикуваат амнестираните затвореници?

Додека криминалците се на слобода, партиотите поради своето противење на погубните политики на Зоран Заев и СДСМ се најдоа за решетки. Интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци и пратеници станаа политички затвореници само поради фактот дека се политички неистомисленици со Заев.

Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а Македонија од заробена држава повторно да се врати на демократските принципи кон кои се стремат сите граѓани на државата. Мора веднаш да бидат отфрлени неоснованите обвиненија и да бидат ослободени од притвор овие невини луѓе.

Богдан, Чавков, Мукоски, Жаклина, Дурловски, Дамовски и сите други кои се наоѓаат во притвор само бидејќи ја сакаат својата држава мораат да бидат ослободени. Обвинителството мора да престане да извршува партиски директиви на Зоран Заев и СДСМ и да започне да работи во интерест на граѓаните.

Правната држава мора да се врати за доброто на граѓаните, а Македонија мора да се врати на патот кон Европската Унија и НАТО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста