ВМРО-ДПМНЕ: Обвиненијата на СЈО се типичен пример за политички конструирани случаи

Од:

„СЈО е партиска испостава на СДС и има за цел спроведување на нарачаните хајки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Предметите кои СЈО ги покренува се правно неиздржани, без правни основи и докази, истите се засноваат на политички конструкции и се водат исклучиво против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на монтираните случаи на СЈО е луѓето неосновано да се оцрнат, а партијата да се доведе во неповолна ситуација за претстојните локални избори. Мерките кои СЈО ги бара се правно неаргументирани, а истите служат само како материјал за медиумите на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во очите на јавноста.

Случајот „Триста“ е подеднакво апсурден како и останатите кои го поткренува СЈО. Никој од осомничените не се стекнал ниту со еден денар материјална корист, а СДС лажеше дека се краделе милијарди. Впрочем возилата уште се во сопственост на МВР и државата, а дел од тие кои беа набавени сега се во возниот парк на СЈО и ги управуваат нивните вработени.

Случајот „Триста“ кој се однесува на набавка на возила за потребите на МВР исто како и сите други случаи на СЈО е политичка конструкција без основни докази. Имено возилата набавени од страна на МВР се набавени во целосно јавна и транспарентна постапка. Набавката е поделена на ЛОТ-ови за потребата на оперативниот дел на Бирото за јавна безбедност.

Целта била возилата да се различни по боја, производител и кубикажа за да не се познава дека се полициски. Единствениот грев кој го гледа СЈО е дека требало да биде избрана само најниската понуда, што практично би значело избор на исти возила кој би биле впечатливи и по чие излегување на улица, секој би знаел или би можел да претпостави дека се полициски.

Сите случаи кои СЈО ги поткрена почнувајќи од „ТНТ“, „ТЕНК“, „Траекторија“ и другите монтирани случаи, немаат правна аргументација, а барањата на мерките за претпазливост се исто така не аргументирани и без основ. Предметите и обвиненијата на СЈО се типичен пример за политички конструирани случаи кои ниту еден суд нема да ги прифати.

Целата хајка која СЈО/СДС ја водат против ВМРО-ДПМНЕ е со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот.

Жалбите на СЈО пред апелација се само обид да се изврши притисок врз судот да не ја поништи одлуката на првостепениот суд.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и нејзините функционери било како носители на партиска функција или во времето додека обавувале државна функција работеле и работат согласно закон.

Хајката која СЈО ја води за потребите на СДС нема никаква врска со правото, тука станува збор за чист политички креиран случај“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ