ВМРО-ДПМНЕ: Обрадовиќ нема да го унапреди работењето на ЕЛЕМ

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека Владата и СДСМ два дена молече за скандалот за кој што пишуваа српските медиуми за намерата за именување на Александар Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ. Според него, тоа значи дека овие информации се точни.

– Тоа значи дека СДС планира при толку многу докажани кадри од областа на енергетиката од нашата земја да именуваат балкански мешетар кој се товари за недомаќинско работење, промашени тендери и луксузи во, во ни помалку ни повеќе, Електропривреда Србија, изјави Костовски.

Тој запраша што е поентата на набркан кадар од Србија, Заев да му дава државјанство и да го именува за директор на најбогатата државна фирма.

– Дали е поентата овој човек да работи на тендерски постапки со кои ќе се испумпуваат пари? Дали поентата со именувањето на овој човек е да се поскапи струјата? Дали поентата е да се доведе ЕЛЕМ до тоа дереџе, па наместо сопствено производство Македонија уште повеќе да увезува струја? Факт е дека овој човек нема да го унапреди работењето на ЕЛЕМ, рече Костовски.

Според него, оправдано е стравувањето овој човек има задача да го подготви ЕЛЕМ за продажба. Ако во сопствената земја, Србија има лоша репутација, тогаш само може да замислиме какви последици ќе има неговото именување за директор во една вака сериозна институција, тука во Македонија.

– СДС и Владата треба да престанат да молчат и отворено да кажат зошто се решиле на ваков катастрофален кадровски избор. Да кажат која ќе биде придобивката еден балкански мешетар да биде именуван за директор на ЕЛЕМ. Премоногу е сериозно за да се премолчи. Јавноста треба да знае какви последици ќе имаат граѓаните и енергетскиот систем од оваа нивна одлука. Македонија не може да си дозволи уште еден бомбона бизнис од кој сите ќе имаат штета, освен можеби врхушката на СДС, заврши Костовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал