ВМРО-ДПМНЕ: Објавувањето на законот за јазици и договорот со Грција без потпис на претседателот е кривично дело

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение како реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес-конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту едно безлично соопштение на СДСМ нема да го покрие фактот дека Заев и Димитров го потпишаа најсрамниот и најкапитулантски договор за Македонија, каде што самите се откажаа од името, идентитетот, нацијата и македонското малцинство.

Зоран Заев откако ја понижи Република Македонија на меѓународен план сега сака тоа да го направи и на домашен план со грубо кршење на законите и Уставот на Република Македонија.

СДСМ не смее да си поигрува со Законите и Уставот на Република Македонија кои се гарантори за редот и поредокот на правната држава.

Објавувањето на законот за јазиците и Договорот со Грција во Службен Весник без потпис на претседателот на државата од страна на Талат Џафери и Мартин Костовски е кривично дело кое не застарува и за кое се оди во затвор.

Одговорност за овие постаки мора да има.

Поради катастрофата што ја приредија со „патлиџан дипломатијата“ сите оние кои учестуваа во процесите поврзани со евро-атлантските интегративни процеси веднаш да си поднесат оставка од морални причини.

Македонскиот народ и македонската држава не заслужуваат Влада како СДСМ. Оваа Влада мора да падне. Македонија заслужува подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски