ВМРО-ДПМНЕ објави оглас за градоначалници

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука за објавување на Повик за кандидирање на кандидати за Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за Локалните избори 2013 година.

„Кандидат за градоначалник може да биде секој граѓанин, кој ги исполнува условите за кандидирање за градоначалник пропишани со Устав и закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На огласот се бара кандидатите да поседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат.

За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија, детална програма за работа на општината за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардизирана апликација коjа се подигнува во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Потребната документација за кандидирање може да се подигне и да се предаде во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (Ул Македонија бр 17а), во архивата, секој работен ден од 12 до 17 часот или на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk. Пополнетите материјали треба да се достават најдоцна до 01.09.2012 година, почнувајќи од денот на објавување на овој повик.

„По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на Специјална комисија која за таа цел ќе биде формирана.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината.

ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна партија, отворена за секојдневна комуникација со граѓаните, ги повикува сите граѓани кои поседуваат капацитет, морален дигнитет, кои имаат визија и план за развој на својата општина, да се пријават на овој конкурс. Ќе бидат избрани најдобрите кандидати кои ќе работат во интерес на граѓаните и развојот.

Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија. Општини кои брзо ќе чекорат кон развојот, со цел подобар живот за граѓаните“, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап