ВМРО-ДПМНЕ: Обединети за Македонија се служат со груби дезинформации

Од:

Обединети за Македонија се служи со груби и дрски дезинформации, се со цел да манипулира со граѓаните на Република Македонија и на општина Кичево, се вели во писмената реакција од владејачката партија, насочено кон прес-конференцијата на Обединети за Македонија.

ВМРО ДПМНЕ е една од ретките партии која своето работење го темели на принципи и кредибилитет. Како партија, на локалните избори кои претстојат, ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои членови во сите изборни одбори, но исто така ќе има и набљудувачи на изборите во сите избирачки места.Сведоци сме дека Обединети за Македонија повеќе не е партија која функционира во свое име. Обединети за Македонија се сведе на слаба и нефункционална општинска организација на СДСМ која целосно работи во функција на погубните и погрешни политики на Бранко Црвенковски и СДСМ, а тие ја носат одговорноста за сите погрешни стратешки политики во минатото“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела