ВМРО-ДПМНЕ: Ново зголемување на прехранбените производи

Од:

Денеска граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок поради не продолжување на мерката загарантирани цени на прехранбените производи. Со ваквата одлука на владата на СДС и ДУИ директно се удира по џебот на граѓаните. Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната. Владата на СДС и ДУИ од една страна додека се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наводното зголемување на платите со кои се фали СДС и Димитар Ковачевски е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат. Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.

Владата на СДС и Ковачевски во заминување преку ваквите катастрофални мерки сакаат да им се одмазди на граѓаните заради нивниот слаб рејтинг. За нивниот слаб рејтинг не се виновни граѓаните, туку самите тие кои изминатите 7 години водат политика на криминал и лично богатење. Македонската економија е на дното, а тоа го потврдува и фактот што Македонија е најзаостаната земја споредбено со земјите од регионот. Седум години СДС и ДУИ се 7 години изгубени за граѓаните и државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски