ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

Од:

„СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите. Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе“ реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив!“.

„Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција. Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче. Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?