ВМРО-ДПМНЕ: Нов случај на непотизам за Заев со јавни набавки во општина Струмица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе информации за уште еден нов случај на непотизам на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев и обвини дека според начинот на кој тој работи станува збор за добро организиран семејно-пријателски систем за добивање јавни набавки во струмичката Општина.

Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција посочи дека станува збор за уште една фирма во сопственост на член од потесното семејство на Заев, која склучила договор за јавна набавка со средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и која директно го вмешува градоначалникот во случајот на непотизам и судир на интереси.

– Да потенцираме дека според Законот за локална самоуправа и другите закони надлежен за назначување на директорите на училиштата, па и на градинките, е градоначалникот. Тоа значи дека директорите што ги назначувал Зоран Заев давале јавни набавки на фирми во сопственост на семејството Заеви, рече Димовски.

Тој појасни дека станува збор за фирмата „Ева Стаил“ ДООЕЛ увоз – извоз од Струмица, во сопственост на Славица Заева, која впрочем е сопруга на Вице Заев, родениот брат на Зоран Заев, која на 21.03.2011 година склучила договор за јавна набавка со СОП „Димитар Влахов“ во вредност од 65.320 денари наменети за изработка на училишни униформи.

Воедно, ги оцени како смешни обидите на Зев да се претстави како жртва и побара да се соочи со фактите.

– Г-дине Заев, наместо да ги испраќате Вашите партиски гласноговорници да се обидуваат да го покријат вашиот срам со лажни информации и злонамерни манипулации, време е да прифатите и да признаете дека непотизмот и судирот на интереси се класичен начин на кој Вие сте ја обавувале Вашата градоначалничка функција. Не можете да избегате од овој скандал колку конструкции и напади да направите. Нашиот став е јасен, законот мора да важи за сите без разлика дали се во една, друга или трета партија, дали се на функција или не, рече Димовски и го повика Заев конечно да даде логичен одговор пред јавноста, колку пари досега Општина Струмица и нејзините институции доделиле и префрлиле на сметките од фирмите на неговото потесно семејство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски