ВМРО-ДПМНЕ: Нов прес на Филипче и порака за граѓаните дека ќе почекаат за вакцини

Од:

„Венко Филипче излезе на уште една прес конференција и секако само за да каже дека има одложување на процесот на вакцинација.

Вакцините според Филипче стигнуваа во јануари, февруари, март, ама денес го слушаме министерот вели почеток на април, прва недела на април. Ова значи само едено граѓаните ќе почекаат за вакцини!“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите од прес-конференција на Венко Филипче.

„Неспосбноста Филипче си ја докажува секој ден! За директорот на струшката болница на чија пациентка и беа извадени три здрави органи, Филипче рече ќе биде разрешен.

Филипче треба да сфати, за ваква постапка директорот на струшката болница треба да одговара кривично!

И повторно за епидемиолошката слика, Филипче треба да сфати дека сите мерки се несоодветни. Зошто? Затоа што да имаше соодветни мерки, да имаше медикаменти, да имаше доволно бочнички кревети бројката на починати немаше да биде 3364 лица.

Едноставно е, Филипче ќе одговара!“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му