ВМРО-ДПМНЕ носи луѓе во Скопје со автобуси

Од:

Автобуси со вработни во администрацијата постојано пристигнуваат во Скопје и ги истовараат луѓето пред Основниот суд Скопје 1.

Како што објави А1он вчера, се организира протест против одлуката со која му е одреден притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, токму еден ден откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во говорот посочи дека СДСМ вршел притисок на судот. За потсетување, Груевски по десетиците апсења на опозициони лидери и активисти, бизнисмени и новинари, во сите изминати години повторуваше дека судот е независен и никој нема право да се меша во неговата работа.

Вработени во админстрацијата ги препраќаат пораките до медиумите но и усните наредби кои им се дадени за да дојдат во Скопје.

-Утре понеделник, во 10.30 треба да бидеме во Скопје. Вработените ќе бидат ослободени од раководителите по нивно барање-Ако има проблем пишете, е една од пораките кои од вчера се испраќа по вработени во администрацијата.

Тие велат дека воопшто не и не сакаат да доаѓаат во Скопје ниту пак да протестираат, но дека се принудени.

Советот на Апелациониот суд на пладне ќе одлучува по жалбата на адвокатот на Владимир Талески кој бара да се укине мерката домашен притвор која ја одреди Кривичниот совет на скопска „единица“ по барање на СЈО, па присуството на “поддржувачите“ на Талески треба да влијае на нивната одлука.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ