ВМРО-ДПМНЕ: Нон-пејперот на европските земји ги сруши лажните ветувања на Заев и Шекеринска

Од:

„Нон-пејперот на европските земји ги сруши лажните ветувања на Заев и Шекеринска кои бараа гласови за влез во ЕУ и НАТО најдоцна за 6 месеци. Во овој документ се евидентира целата неспособност на Владата предводена од Зоран Заев која ги клекна на колена економијата, правната држава и судството.

Како државата тоне, така СДСМ го принудува судството да носи срамни и нарачани одлуки кои се далеку од европските практики и стандарди. СДСМ и Заев создадоа атмосфера на прогон и политички монтирани случаи со цел секој што се противи на оваа власт да биде изложен на притисок. Сите се на удар на оваа ненародна власт, освен криминалниот картел кој е заштитен како бела мечка, дури и во чисти случаи на корупција како „Евро за Вицето“ и двајцата функционери во Владата за кои и саниот Заев кажа дека се корумпирани ама никој не ги гони.

СДСМ ја понижи интелигенцијата на лекарите на кои им беше ветена плата од 100 илјади денари и просечна плата од 500 евра за граѓаните. Ги излажа сите со 600 километри нови автопати, подобро здравство, образование, земјоделство. Излажаа дека ќе се грижат за националните и државни интереси, а гледаме дека ги распродаваат како на пазар. На секое поле се случува крах, освен само на полето на картелските и клановските бизниси кои цветаат, заштитени директно од власта.

Тоа се гледа не само од Европа, туку и од месечината. Затоа е и овој нон пејпер кој ги нотира сите катастрофални политики и анти-реформи кои ги прави оваа власт.

Сериозни држави како што се Франција, Холандија и Данска јасно го кажуваат тоа што владините мегафони сакаат да го сокријат. Истите тие мегафони сега пробуваат да се вадат со разни изговори, па дури и критики кон овие докажани земји-пријатели на Македонија.

Урнисувањето и цунамито на секој план се симболот на оваа влада и ова мора да престане час поскоро. Затоа на 2 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на сенародниот протест на кој сите оние кои и мислат добро на државата и се противат на оваа ненародна власт ќе излезат и јавно, јасно и гласно ќе и покажат дека доволно си играа власт, дека цената за оваа игранка нема да ја плаќа Република Македонија. На нашата држава и треба сериозна економска политика, со тоа ќе ставиме крај на осиромашувањето на граѓаните. Потребна ни е стабилна надворешна политика и партнерство наместо непријателство, наместо распродавање на националните и државни интереси. Заканите, монтираните судски процеси нема да го одврати оној кој не се согласува со антидржавната и деградирачка политика на Заев и свитата околу него“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ