ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Заев, ниту било кој друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата

Од:

Македонскиот народ не успеале да го скршат и заплашат ниту тирани кои брутално ги ликвидирале патриотите само заради нивната љубов кон Македонија. Тоа нема да му успее ниту на Зоран Заев кој тргнува против народот само затоа што не доби поддршка за неговата политика на откажување од се што е македонско. Зоран Заев е готов да го тргува македонскиот идентитет, име, култура, историја и традиција само за да ја спаси својата кариера и да добие амнестија за криминалот во кој што е заглавен. За среќа народот покажа дека не е подготвен да поддржи ваква антидржавна политика, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев во паника од преголемиот пораз кој му го нанесоа граѓаните се пресметува со сите кои гласаа против или апстинираа затоа што си ја сакаат државата. Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието  на власта. Незаконски, надвор од сите процедури се бркаат, преместуваат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата. Заев и картелот околу него ја деградираат правната држава. Охрабрени од моменталната власт која ја имаат тие вршат незаконски дејствија. Незаконски се врши притисок врз вработените во УЈП, кои апстинирале на референдумот. Незаконски се уназадуваат и преместуваат, само затоа што ја сакаат Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека  притисоци има и во Генералниот секретаријат на владата на Република Македонија, ЈСП, но и сите институции на централната и локалната власт.

„СДСМ доживеа дебакл на  референдумот  за промена на името. 1 милион и 200 илјади Македонци му кажаа НЕ на Зоран Заев и капитулантските политики што  ги води. Договорот од Преспа е правно – политички мртов, колку порано Зоран Заев тоа го прифати толку подобро. Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи. Ниту Заев, ниту било кој друг не смее  да  ги крши законите и Уставот на државата. За сето незаконие што  се врши сега од претставниците на власта мора да следи одговорност. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара со враќањето на правната држава. Република Македонија ќе победи“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски