ВМРО-ДПМНЕ: Ниту „Рекет“ ќе постоеше без Заев, ниту Заев ќе беше толку богат и моќен без рекет

Од:

„Зоран Заев е во брак со рекетот и криминалот. Со криминал и поддршка од криминалци Заев доаѓа на власт и станува најбогат политичар.

Сега Заев ги враќа долговите кон мафијата. Го стимулира и заштитува обвинителско-медиумскиот рекет, а паралелно ги распродава националните интереси.

Зоран Заев е прва виолина во случајот „Рекет“. СДСМ очајнички се обидува да ја дефокусира јавноста од инволвираноста на Зоран Заев во случајот „Рекет“. заглавени се до гуша во криминал. Три години рекетрираа политичари, бизнисмени. Ќе одговараат сите инволвирани во криминални активности. ќе понесат и политичка и кривична одговорност за криминалот и корупцијата, за сите штети кои и ги нанесоа на македонската држава изминатите години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се уште нема одговор од криминално рекетарската банда на власт на чело со единствениот аболициран политичар во Европа, зошто Заев на 3 април го предупредил Боки 13 дека против него се води постапка. Се поставува прашањето зошто Заев молчел од 3 април до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај омилената обвинителка, Вилма Русковска. Да не заборавиме дека никаде не постои записник од пријавата на Заев, нешто што е определено со закон.

Заев и натаму се заплеткува во своите лаги, а македонската јавност конечно го гледа неговото вистински лице, лицето на човекот кој го пцуе и навредува сопствениот народ, човек кој се заканува и човек кој под целосна контрола го има ставен правосудниот систем во Македонија.

Уште еднаш јавно бараме, МВР и ЈО да ги вештачат веднаш мобилните телефони на инволвираните.

Веднаш да се отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. На крајот доколку правосудните органи си ја завршат работата, целата македонска јавност ќе разбере дека Заев е нарачателот на рекетот и главата на криминалниот октопод“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски