ВМРО-ДПМНЕ: Ништо не е остварено за подобрување на студентскиот стандард

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека власта на направила ништо за подобрување на студентскиот стандард во овие 10 месеци. Според него, условите во студентските домови се се полоши.

– Еден месец студентите во „Стив Наумов“ се оставени без топла вода. Повеќе од месец студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ користат несервисирани лифтови. Недозволиво е студентите кои плаќаат за своето сместување во студентските домови, да се соочуваат недостојни услови за живот. Зоран Заев, Стефан Богоев и Рената Дескоска пред изборите ги лажеа студентите и ветуваа брда и долини, ништо од тоа што го ветија не остварија, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека СДСМ го претвора престојот на студентите во студентските домови во борба за преживување.

– Недозволиво е студентите во 21 век во центарот на Скопје сеуште да се соочуваат со недостаток на топла вода. Неодговорно е студентите еден месец да користат несервисирани лифтови. Власта е неспособна да го овозможи нормалното функционирање на студентските домови. Студентите се жртва на неодговорноста на СДСМ. Партијата која од опозиција ветуваше подобри услови во студентските домови и подобар студентски стандард, сега со прст не мрднува за студентите, рече Ѓорѓиев.

Тој рече дека скандалите во домовите се редат во низа.

– Пред само две недели студентите од „Стив Наумов“ се жалеа на безбедноста во домот и упади на непознати лица во просториите на домот. Управата не реагираше. Секојдневни се примерите каде на студентите со храната им се сервираат и отпушоци од цигари и инсекти. Ваквите случки се згрозувачки и недозволиви за студентски дом. 10 месеци СДСМ, 10 месеци катастрофални услови во студентските домови. Оваа неодговорна власт си поигрува со студентите. Оваа власт докажа дека ниту има план, ниту знае како да работи. Студентите и младите луѓе не смеат да бидат жртва на неспособноста на оваа власт. Студентите заслужуваат подобро, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија