ВМРО-ДПМНЕ: Никој во Македонија не верува дека Заев не е вмешан во најголемата криминална афера

Од:

Се додека аболицираниот криминалец Зоран Заев е на власт во Македонија не може да има правда. Од човек кој три пати е амнестиран за тежок криминал не може да се очекува дека ќе воспостави владеење на правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Никој во Македонија не верува дека криминален ум каков што е Зоран Заев не е вмешан во најголемата криминална афера во независна Македонија, случајот Рекет.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод!

Странски медиуми објавија снимка на која јасно се гледа како Боки 13 или по ново Боки Тредичи зема милионски суми рекет во име на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Целата јавност говори за улогата на обвинителката во случајот, за улогите на Кики, Фрики, Шеки и сите останати, а обвинителството останува глуво и слепо пред овие наводи.

Русковска во екот на најголемата криминална афера во историјата на Македонија замина на одмор. Ваквото несериозно однесување на обвинителството во најмала рака е срамно. Омилената обвинителка на Зоран Заев цел месец ја убедува македонската јавност дека Боки Тредичи сам без поддршка на највисоките структури во власта и без поддршка на Јанева „мавал“ рекет низ цела Македонија.

Одговорност за овој скандал мора да има. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта во спротивно станува соучесник во криминалот на Зоран Заев.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски