ВМРО-ДПМНЕ: Никој не дал согласност за влез на Живаљевиќ во Собранието на 27. април

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост за објавената, од страна на Република Србија, шпионска афера која има меѓународни димензии, имајќи предвид дека е меѓудржавна.

ВМРО-ДПМНЕ се надева дека македонската и српската влада ќе ги расчистат сите детали во врска со ова и ќе ја информираат јавноста.

Чекорите кои ги превзема Република Србија, степенот на кој се превземаа мерки од нивна страна, како и изјавите на српските политичари не кореспондираат со изјавите на македонските претставници, што укажува дека постојат детали за кои јавноста не е запознаена.

Расчистувањето на оваа афера, покрај утврдувањето одговорност на чија и да е страна треба да води и кон нормализација на односите меѓу двете држави.

Во врска со информацијата од вчера дека на 27-ми април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во парламентот на Република Македонија за време на инцидентот, ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение.

Сепак, ја повикуваме новата влада која сега има контрола на сите институции, да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение. Доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираме дека дефинитивно такво нешто не е издадено“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?