ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за градење на добрососедски односи врз база на взаемно почитување

Од:

„СДС и Зоран Заев имаат обврска да ги исполнат ветувањата за транспарентно и инклузивно работење кога станува збор за прашања кои се од најголем национален интерес. Во спротивно граѓаните ќе продолжат да се вознемируваат од срамните, понижувачки и негаторски изјави кои договорот за добрососедство го дефинираат како почеток на претворање на Република Македонија во втора бугарска држава.

Заев треба да им одговори на граѓаните дали е точно дека ќе се менуваат учебниците по историја? Дали ќе стои на ставот Македонија да има своја сопствена историја или ќе оди по стапките на бугарските националисти кои се со ставот дека Македонија и Бугарија имаат 1300 години иста историја.

Заев да им одговори на граѓаните за каков национализам ја обвинува Република Македонија. Зарем Македонија ширела национализам во минатото или на било кој начин ги загрозила своите соседи.

ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот дека е за градење на добрососедски односи, врз база на взаемно почитување и зачувување на достоинството и интегритетот на народот и на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито