ВМРО-ДПМНЕ: Неуспехот на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори кој Заев го прославуваше уште лани

Од:

Република Македонија доживува крах на сите полиња. Неуспехот на Владата на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори кој Зоран Заев го прославуваше уште лани, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ и Зоран Заев во очај продолжуваат да ја покриваат неспособноста со политички прогон, селективна правда и демонстрирање на сила кон сите политички противници.

Покренатото обвинение за случајот со собраниските настани од 27 април е целосно неосновано, правно неиздржано и класична монтирана нарачка од Зоран Заев со која треба да се направи дефокус од неуспесите и коруптивните скандали на владата.

Зоран Заев е свесен дека државата тоне и владиниот криминал се покрива преку монтирани политички случаи каде што се гонат членови на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев се свесни за крајот на нивните политички кариери. СДСМ и Заев еден ден ќе одговараат за политичкиот прогон што го прават.“ се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ