А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на раководните структури на АД ЕЛЕМ ги чини граѓаните милиони

by А1он12/06/2018 - 16:03111
Share0

„Неспособноста на раководните структури на АД ЕЛЕМ ги чини граѓаните милиони. АД ЕЛЕМ произведува струја во РЕК Осломеј по цена од 140 евра по мегават час, додека истата ја продава за 40 евра за мегават час.

Следете a1on на Instagram Instagram

РЕК Осломеј произведува околу 2.400 мегават часа на ден, тоа значи дека истата количина на струја ја произведува по цена од приближно 336.000 евра, а ја продава за 96.000 евра. Вкупната загуба на дневно ниво со работата на РЕК Осломеј изнесува околу 240.000 евра.

Според која економска логика може загуба на околу 240.000 евра дневно да биде во полза за државата? Десет дневно работење на РЕК Осломеј ќе ја чини државата приближно 2 милиони и 400 илјади евра .

Во џебовите на кои бизнисмени завршуваат илјадници евра? Дали се работи за фирми блиски до картелот и која е логиката државата да влегува во загуба?

Следете a1on на Youtube YouTube

Картелот за една година покажа дека не знае да го менаџира енергетскиот сектор во државата. Една година СДСМ за енергетиката е една година загуба и милионски штети.

Раководството на АД ЕЛЕМ во период на зима со висок водостој на реките не го искористи хидролошкиот потенцијал на истите, дозволи големо прелевање на хидроакумулациите, без да биде искористен вишокот вода за производство на струја. Милионски се загубите, кои на овој начин поради ненавремено производство ги претрпе Република Македонија.

Картелот работи надвор од секоја економската и енергетска логика, наместо да се искористуваат хидроакумулациите се троши јаглен. Наместо продажба на струјата на домашниот пазар се продава струја на странскиот пазар, се полнат џебовите на одредени структури, а во исто време се увезува струја, повторно создавајќи профит за приватни субјекти.

Енергетскиот сектор е во огромен минус откако СДСМ е на власт. Енергетиката тоне, а енергетските капацитети се оставаат да се уништуваат и не се одржуваат. Овој криминален однос со енергетиката мора да запре. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Горан Наумовски19/07/2026 - 09:31

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Горан Наумовски18/07/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео