ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната и расипничка Влада на СДС ги лаже и манипулира пензионерите

Од:

„Септември им ја потврди вистината која што 300 000 пензионери ја знаеа, а тоа е дека неспособната и расипничка Влада на СДС ги лаже и манипулира пензионерите. Оние пензионери кои отидоа во банка да ги подигнат своите пензиите видоа дека не само што СДС не им ги покачи пензиите, туку им го укина планираното и најавено покачување за 650 денари.

Пензионерите се жртва на лагите на СДС и тие уште еднаш почуствуваа како е кога СДС управува со државата и државната каса.

СДС на околу 300.000 пензионери им скрати 5500 денари годишно, кои ќе ги добиеја ако се спроведеше одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ и се преземеше планираното покачување во висина од 5%.

СДС никогаш не се грижел за пензионерите. Владата на СДС во периодот 2002-2006 година им скрати на пензионерите 8%, пари кои никогаш не им беа вратени. ВМРО-ДПМЕН во 2008 со вонредно усогласување и вонредно обезбедување средства да ја надомести штетата која пензионерите ја претрпеа во времето на владеењето на СДС.

Пензионерите знаат како е кога СДС е на власт неможат да очекуваат ништо добро.

Пензионерите знаат дека додека СДС беше на власт пензиите се исплаќаа во три различни термини, едните земаа на почетокот на месецот, втори на средината, а трети на крајот на месецот, група која често за исплата беше префрлана за наредниот месец.

Пензионерите го знаат СДС по деструкција, кратење и безредие. СДС докажа дека ништо од тоа немаат сменето. Пензионерите повторно ќе бидат жртва на погубната политика на СДС и нејзината расипничка политика.

Имено СДС во само три месеци колку се на власт ја задолжија државата за 170 милиони евра, а дополнително од државните девизни резерви стопија 177 милиони евра, што вкупно е над 340 милиони евра, пари кои никој не знае кај завршиле.

СДС прокоцка 340 милиони евра само за три месеци, а нема пари за покачување на пензиите. Да почитувани граѓани 340 милиони евра потроши СДС без ние граѓаните да знаеме каде, како и за што, а притоа немаа пари за покачување на пензиите, што го зголемува стандардот на живеење на пензионерите, и им овозможува пристоен живот во третото доба од животот.

Пензионерите можат да видат како работи СДС, а добро знаат како работи ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето владеење ја двојно ја покачи најниската пензија, додека просечната ја зголеми од 7.684 денари во 2006 година на 13.754 денари во 2016 година, што е зголемување за 79%.

Пензионерите ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС и знаат кој работи за нивно добро, а кој на нивна штета. Затоа на 15 октомври пензионерите и сите граѓани на Република Македонија, ќе кажат не за деструктивната политика на СДС која ја носи државата кон општа стагнација“, изјави Методија Гочевски.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта