ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Шилегов ќе одговара за проневера на 12,5 милиони евра од Градската куќа

Од:

„Неспособниот неработник Петре Шилегов кој ветуваше чуда, потроши четири години во кои не направи ниту еден проект за скопјани. Четири години стагнација за Градот Скопје, четири години тонење и уништување. Мрзеливиот Шилегов ветуваше тунели, булевари, мостови, подземни сообраќајници, трамвај и ред други проекти, но наместо да ги изгради овие проекти за подобар живот на скопјани, тој ја продаде Градската куќа, а парите кои ги зеде мистериозно исчезнаа“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Неработникот Шилегов треба да одговара за проневера на 12,5 милиони евра кои ги зеде од продажбата на Градска куќа кои апсолутно никој не знае каде се потрошени. Нема нов објект за градот, а ги нема ниту ветените големи проекти кои им ги ветуваше на скопјани. Нема проекти, ама нема ни 12,5 милиони евра.

Шилегов е должен на скопјани да им објасни каде се потрошени парите од Градската куќа, дали се потрошени и на што се потрошени. Дали завршиле во лични џебови и кој се профитирал од нив?

Освен што е способен да потроши на ништо 12,5 милиони евра граѓански пари, Шилегов е способен да ги остави скопјани на цедило во состојба кога во Скопје беснееја пожари. И тоа е се што треба да се знае за овој неспособен градоначалник кој си уживаше на плажа, додека граѓаните беа во опасност од пожар.

Во меѓувреме нема почист воздух, нема тунел под кале, Илинденска не е продолжена, нема жичарница, нема подземна железница, нема трамвај, нема враќање на сјајот на СРЦ Треска, нема Луна парк, но затоа има скапи клупи од тропско дрво, скап Дино парк среде економска криза и потрошени 12,5 милиони евра кој никој не знае каде.

Шилегов наместо да гради, тој краде, а градот тоне. Токму затоа му порачуваме на неспособниот неработник Петре Шилегов да ги пакува куферите затоа што заврши неговата политичка кариера и да се спреми да одговара за проневерата за Градската куќа и сите други криминали изминатите четири години“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица