ВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Шилегов го уништува Водно

Од:

„Неспособниот неработник Петре Шилегов го уништува Водно и намерно не го прогласија за Парк на природата што е повисок степен на заштита, бидејќи во игра се бизнис интереси на власта. Наместо спас на Водно и ревитализација на неговата шума како што ветуваше Шилегов, единствено донесе уште поголемо уништување и царување на урбаната мафија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во својот четиригодишен мандат неработникот Шилегов со прст не мрдна да го заштити или да го ревитализира Водно, напротив свесно дозволи уништување на уште повеќе шума и бетонизација на белите дробови на Скопје.

Додека граѓаните апелираа дека се повеќе се сече шума, дека се градат се повеќе викендици кои ја уништуваат планината, Шилегов заради бизнис интереси се правеше наудрен барајќи разни изговори.

Тоа што владата го прогласи Водно за заштитено подрачје кое според закон е петти степен е само обична шминка дека се грижат за планината, бидејќи доколку сакаа навистина да го заштитат ќе го прогласеа за Парк на природата како што ВМРО-ДПМНЕ за заштити Парк шумата Гази Баба, односно четврти степен што е повисока заштита.

Но, секако ниту на Шилегов ниту на СДСМ не им одговара Водно да биде заштитено затоа што самите тие пред два месеци промовираа нова населба на падините на Водно која ќе значи уште еден удар врз планината и животната средина во Скопје.

Дека на Шилегов не му е гајле за Водно, се сеќаваме и дека свесно дозволи да се сечат повеќе дрва до потребното кога се градеше гасоводот во ситуација кога Скопје беше на врвот по загадени градови.

Наместо да заштитува, Шилегов уништува. Впрочем тоа го покажа кога среде Скопје ја искасапи улицата „Орце Николов“ иако ветуваше дека нема ниту едно дрво да биде уништено.

Да биде иронијата поголема Шилегов е тој кој бетонираше дрвја, а сега планира да го уништи и целиот дрворед на булевар „Партизански одреди“ заради нефункционалниот и скап БРТ систем.

Политичката кариера на Шилегов му заврши, време му е да се спакува и да одговара за злоделата врз Скопје и сите криминали во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски