ВМРО-ДПМНЕ: Неработењето на Киро Ќучук е во интерес на Заев

Од:

– Во текот на вчерашниот ден преку медиумите беше објавена информацијата дека АД Киро Ќучук заминува во стечај. Основниот суд во Велес по барање на Управата за јавни приходи донесе решение за отворање на стечјана постапка, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес, Петре Саздов.

Тој тврди дека оваа крајно непријатна но неизбежна одлука за керамичката индустрија била прашање на денови, имајќи ја предвид состојбата во која таа се наоѓа.

– Залудни беа нашите апели до раководството на фабриката и до сопствениците на акционерскиот капитал да се спречи ваквиот исход и да се отпочне со нормално работење. Во ситуација кога работењето фирмата беше прашање на одлука на Зоран Заев и на Киро Камчев, кои заедно го поседуваат мнозинскиот пакет акции во неа, тие беа најповиканите да одговорат за агонијата со која се соочуваше фабриката. Се сомневавме дека неработењето на Киро Ќучук е интерес на г-динот Зоран Заев, а во таа намера поддршка да добива и од г-динот Камчев, рече Саздов.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела