ВМРО-ДПМНЕ: Неприфатливо е формирање партиска полиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски работи незаконски и го партизира Министерството расчистувајќи истовремено со професионалните кадри кои во изминатиот период биле заслужни за многу акции.

– Тоа што го прави Оливер Спасовски е целосно незаконски и е спротивно на Колективниот договор и Законот за внатрешни работи, рече Сашо Павловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, истакнувајќи дека „сиот хаос кој го креирал Спасовски резултирал со драстично намалување на активностите на Министерството за внатрешни работи“.

Сите оние кои имаат личен и професионален интегритет во Министерството, наведе Павловски, станаа предмет на отстрел на новиот министер и неговиот политички тим.

– Потпретседателот на СДС и неговите партиски послушници секојдневно се јавуваат и повикуваат вработени во МВР кои низ долги години во службата, постепено ја граделе кариерата и стигнале до одредена позиција за да им нудат одредени пониски позиции. Им нудат пониски места на кои би биле распоредени по сопствено барање. Во спротивно, следат закани дека ќе бидат деградирани, рече Павловски.

Формирањето партиска полиција, истакна, е целосно неприфатливо и ќе ја наруши безбедноста во државата.

– Министерството за внатрешни работи мора да одговори колку решенија се поделени изминатиов период и кои се причините за смени. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите професионалци во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДС и правдата да ја бараат пред повисоките органи. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и претставниците на меѓународната заедница, кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе од контрола, рече Павловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис