ВМРО-ДПМНЕ: Неосновани обвинувањата од опозицијата за УЈП

Од:

Денешните напади врз УЈП се тотално неосновани и без никакви докази, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на Горан Мисовски.

– Во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија, кој беше оценет како најпозитивен досега, токму УЈП беше посочена како институција која забележа напредок во работењето и позитивни оценки во борбата со криминалот и корупцијата. УЈП денес е пример како треба да работи една институција во согласност со законите и санкционирајќи ги сите оние кои пробуваат да ги прекршат, се наведува во реакцијата.

Според партијата, за работата на УЈП во времето на СДСМ најдобро говори правосилната судска пресуда за поранешната директорка Петра Митева која надвор од законските постапки купувала деловен простор во зградата Тифани.

– ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува сите институции кои работат во согласност со законите и принципите на една правна држава која сака да се бори со криминалот и корупцијата, поле на кое Република Македонија секоја година добива најпозитивни оценки од страна на меѓународниот фактор, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?