ВМРО-ДПМНЕ: Нема сериозни пропусти во Арената Филип Втори

Од:

Нема сериозни пропусти во Арената Филип Втори, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.


Како што кажа, до последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи.

– Се што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано од наша страна. 
Единствените обврски кои остануваат да се реализираат пред да дојде последната најавена посета од страна на стручните лица на УЕФА се тековни работи околу климатизацијата и средување на просторот, таканаречен ТВ компаунд, каде што треба да бидат сместени репортажните коли за ТВ преносот на суперкупот, рече Арсовски.


Посочи дека својата неспособност Заев не смее да ја покрива со лажни изјави од типот сериозни пропусти.

– Ова се редовни обврски кои што може брзо и ефикасно да се исполнат. Единствено е што треба да се обезбеди буџет за Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со што се би било реализирано во наредните десет дена, рече Арсовски.


Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, и покрај сите опструкции кои што и беа нанесени ја изгради фудбалската Арена Филип Втори, една од најмодерните арени во овој дел од Европа. Со тоа, рече тој, Македонија влезе на мапата на УЕФА како сериозен конкурент за организација на сериозни настани од највисок ранг.


ВМРО-ДПМНЕ бара Владата на СДСМ, како што кажа, да не си поигрува со угледот на Република Македонија.

– Одржувањето на Суперкупот не смее во ниту еден случај да биде загрозено. Време за губење нема. Одржувањето на Суперкупот е многу поважно од сите манипулации со кои се занимава во моментов Владата на СДС, рече потпретседателот на УМС.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски