ВМРО-ДПМНЕ: Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче

Од:

„Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово. Дознавме дека моралната одговорност на Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста.

Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка.

Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата.

Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му