ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во дебатата за Кривичниот законик

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на собраниската дебата за Кривичниот законик, бидејќи тоа за партијата ќе значи уривање на правната држава и тргување со правото.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека за нив „сите дилови на Зоран Заев излегле на површина“.

Тој не сакаше да каже дали на лидерските средби партијата барала измени на членот 353 од Кривичниот законик кој се однесува на злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.

„Не сум учествувал на средбите и не можам да кажам“, рече тој.

Денеска на дневен ред по брза постапка на дневен ред беше ставен членот 353 од Кривичниот законик, член според кој се обвинети десетици обвинети или осомничени во предмети на специјалното јавно обвинителство. Членот требаше да се смени и да се пише „имотна“, наместо „некаква“ корист, што со други зборови значи дека СЈО ќе треба да докажува дека обвинетите при евентуално местење на јавна набавка, се стекнале со конкретна имотна корист.

Според членот 353 од Кривичниот законик, меѓудругите се осомничени и Елизабета Канческа-Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Под притисокот на јавноста, а и како што пренесуваат дел медиуми, и по притисоците од меѓународната заедница, измената на овој член беше тргната од дневен ред.

Како 13-та точка на дневниот ред е ставено гласањето на друг член од Кривичниот законик, кој отвора можност осудениот за Труст, Василије Авировиќ да добие условна казна, наместо 3 години затвор како што беше осуден кон средината на годината.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази