ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за пратенички прашања

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница, на која се планирани пратеничките прашања.

Ваквата одлука следува по продолжувањето на притворите на осомничените за насилството во Собранието на 27 април. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оваа одлука на Кривичниот суд не е во насока на нивните желби за помирување и продолжување на дијалогот.

Опозицијата го бојкотира парламентот по притворањето на нивните пратеници и приврзаници.

Премиерот Зоран Заев изјави дека доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се појават на седницата за пратенички прашања тој нема да одговара на прашањата на пратениците од мнозинството.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците