ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на координацијата со Џафери

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува на закажаната координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со изгласувањето на Законот за употреба на јазиците.

Наместо тоа, пратениците од опозицијата на Џафери писмено ќе му достават две барања, едното за закажување на седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, а второто за разгледување на поднесените амандмани во врска со Законот за јазиците.

Талат Џафери до сега даде 2 паузи по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Првата во траење од 1 час. додека втората е 30 минутна која ќе биде искористена за координација помеѓу пратеничките групи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците