ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го почитуваме пописот, ќе спроведеме нов по стандардите на ЕУРОСТАТ

Од:

Ние имаме принципиелен и јасен став, нема да го поддржиме, нема да го почитуваме и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации – рече денеска на прес конференција Стефан Андоновски, член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ успеа, односно се труди да донесе фалсификат попис односно да направи пописен инженеринг како што направија и изборен инженеринг. Нејасни се за нас три поенти, односно три состојби. Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат? Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година и третиот дел тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба“ – изјави Андоновски.

Законот за попис на седница ќе биде по божиќните празници, сите амандмани на опозицијата беа одбиени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски