ВМРО-ДПМНЕ: Нема било што незаконски во објавените снимки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема ништо незаконски во објавените аудио-материјали, а доколку има било што кое е инкриминирачко за претседателот Христијан Мицкоски, партијата ги повикува надлежните органи да преземат активности. Оттаму велат дека ако не постапка од надлежните органи, аудио материјалите ќе бидат само нова клевета од Зоран Заев, но и лажно обвинување.

„ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност за ваквата петарда на Заев за да види народот дека нема ништо зад шпекулациите што ги пушта СДСМ. Ваква услуга не може да направи никој друг освен некој кој со страв од пораз, паника и поплавен од емоции носи одлуки. Лов во матно. Нема било што незаконски во објавеното аудио. Очајни се обидите на Зоран Заев и СДСМ да го свртат вниманието на јавноста од вистинскиот рекет и вистинскиот криминал на чие чело седи Зоран Заев. Доколку има било што инкриминирачко во снимките кои ги објави Зоран Заев тогаш ги повикуваме надлежните органи да преземат веднаш активности. Во спротивно, да тоа ќе биде уште една клевета на Зоран Заев и лажно обвинување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за објавените снимки.

Тие бараат одговори од Заев за исказите на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, во кој, како што Велат, кажал дека„ Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“.

„Зоран Милевски е привезок на Зоран Заев. Затоа во време на корона криза истиот од Заев беше пуштен на слобода преку Рускоска Обвинителството. Во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Што барала главната обвинителка Рускоска во друштво со првообвинетиот Бојан Јовановски, на кој што се нарачувале монтирани медиумски прилози на неистомислениците на Рускоска во судството и обвинителство. Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел од обвинетите во случаите и истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Заев? Ваквите работи нема да ја запрат и да направат народот да не ја гледа вистината за Македонија која ја чувствуваат, а таа е реалноста на криминал, корупција и мафијашки пресметки, пропадната економија“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски