ВМРО-ДПМНЕ: Нелогично е поврзувањето на депресијата со сиромаштијата

Од:

Тотална небулоза е да се тврди дека депресијата е „привилегија“ на неразвиените или помалку развиените земји. Тоа е многу сериозна состојба, која не смее да се злоупотребува како дневнополитичка тема, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Гоце Чакаровски од СДСМ.

– Податоците покажуваат дека и земјите кои се економски поразвиени од Република Македонија, не се поштедени од појавата на депресија, а пример се скандинавските земји, кои се едни од земјите со највисок економски раст и развој, имаат и меѓу највисоките проценти на дијагностицирани лица со депресија и меѓу највисокиот степен на самоубиства, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, се додава важно е дека постојниот и моментално достапен третман на депресијата, и во Република Македонија, и во светот, е апсолутно успешен, така што центрите за депресија се дополнителен начин на лицата со вакви симптоми да им се олесни јавувањето кај психијатар и навреме да се открие и соодветно да се третира ваквата состојба.

Од партијата посочуваат дека според СЗО, недоволната достапност до третман на депресијата, како и стигматизацијата од општеството се главни пречки за луѓето кои треба да побараат помош за лекување на депресијата.

– Токму затоа, Министерството за здравство ја воведе оваа мерка на отворање на регионални центри за лекување депресија, за да ја зголеми достапноста на овие здравствени услуги, со цел рано препознавање на симптомите на ова заболување, а воедно и дестигматизација на лицата кои се третираат во овие центри од страна на општеството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ