Петар Манчев советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Неготино денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека советниците на СДСМ во Советот на оштината и нивната коалиција ја напуштиле седницата на 11. август и не прифатиле дискусија за неприфаќање на нацрт стратегијата и акциониот план за прифаќање на бегалци 2017-2027.
– Со усвојување на оваа стратегија за мигранти, бегалци и странци и акциониот план се доведува во опасност целокупната демографска, економска и безбедносна ситуација во нашата земја. Република Македонија со ништо не придонела овие лица да ги напуштат своите домови и со тоа да станат бегалци или миганти и со тоа да чувствува одговорност да им обезбедува институционално вдомување во нашата држава. Нашата држава има обврска да биде тензитна земја, како што беше во 2015 година и да им обезбеди на обие лица безбеден тензит низ нашата територија кон нивниот пат во земјите од ЕУ. Со оваа програма и акционен план се предвидува да се обезбедат парцели на дежавно земјиште за изградба на станови за бегалци и општина Неготино е опфатена со ова. Исто така се предвидува да се обезбедат средства од буџетот на Република Македонија за сместување или изнајмување на стан до 2 години на признаен бегалец. Треба да се донесат законски решенија за воспоставување на механизми за вклучување во националните програми за вработување, рече Манчев.
Според него, со овој акционен план се предвидувала и инклузија на овие бегалци во образовниот систем на нашата држава, а сето ова ќе паднело на терет на граѓаните на Република Македонија. Како што кажа Манчев, со тоа би се нарушиле економската состојба во Македонија, а исто така во оваа програма на Владата се предвидувало сите мигранти кои немале лични документи да се прифатат како такви и истите да можат да ги повлекуваат нивните семејства од кризините региони, со што според него би се нарушила безбедносната состојба во Македонија.
– Владата на СДС во овие 70-тина дена одкако е на власт, ги испорачува фактурите и планира разнебитување на Република Македонија. Потпишувајќи штетен догвор за добрососедство, носење на план и стратегија за бегалци, носење неуставен закон за јазици, расипничко и безмилосно задолжување на граѓаните каде за овие 70-тина дена се задолжија со 100 милиони евра ги потрошија плус 126 милиони евра од државните резерви на Република Македонија. СДС со својата неспособност ја покрива со безмилосно трошење на народни пари за вработување на партиски војници и шарени револуционери. Неготино и граѓаните не се согласуваат со оваа стратегија и ваквиот одговор на СДС ќе им биде даден на 15-ти октомври на локалните избори. СДС ќе види што мислат Неготинчани за нивните расипнички политики, рече Манчев.