А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е Обвинителството да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал

by А1он05/07/2019 - 10:23214
Share0

„Провизии во една правна држава не смее да се договараат ниту во четири очи како што целата јавност виде дека Заев практикува во случајот „евро за Вице”. Во секоја држава членка на ЕУ функционерот-криминалец би завршил во затвор, а не да добие амнестија, како што Заев беше ослободен од македонскиот суд.

Следете a1on на Instagram Instagram

Изјавата на Заев „Да се зборува за провизии на состанок каде биле осум души апсолутно е далеку од која било нормална свест“ само докажува дека човекот е научен да бара поткуп во друг формат од начинот на кој што делува неговиот генерален секретар“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Рашковски е копија на Заев. Негов ученик во корупцијата и криминалот. Затоа Заев го штити и не го менува. Заев е тој што дал овластување однапред да се каже кој ќе победи и да се чека „награда”.

Јавното обвинителство треба да се охрабри и согласно закон да поведе постапка против Рашковски и да побара притвор за истиот, како тој нема да може да избега, да го повтори делото, ниту пак да влијае врз сведоци.

Следете a1on на Youtube YouTube

Недозволиво е Јавното обвинителство да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал за кој е предвидена казна затвор од над пет години.

Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео