ВМРО-ДПМНЕ: Не запираат дефектите во РЕК Битола

Од:

„Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија секој ден. Не запираат дефектите во РЕК Битола. Вчера вечерта од употреба е исфрлен блокот 3 во РЕК Битола, само ден откако во функција е вратен блокот 1.

Само исклучувањето и вклучувањето на блокот 3 ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработа ја чини државата 240.000 евра. Само за денеска штетата која е причинета во однос на буџетот изнесува околу половина милион евра.

Половина милион евра наместо за нови инвестиции и проекти во енергетскиот систем во државата завршуваат за покривање на штетите предизвикани од неспособните партиски вработени во РЕК Битола.

Неспособноста на СДСМ премногу ја чинеше државата. Само заради лошото управување на власта со РЕК Битола државата оваа година на покривање на штетите потроши над 20 милиони евра.

20 милиони евра наместо на модернизирање на производството одат на покривање на неспособноста на власта.

СДСМ и Зоран Заев и нанесуваат штета на државата, граѓаните и буџетот. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела