ВМРО-ДПМНЕ: Не се остваруваат ветувањата за проекти на СДС

Од:

„Не се остваруваат ветувањата за проекти на СДС, но единствено што се остварува е ветувањето дека ќе се брка од чистачка до министер, и дека живи луѓе ќе се јадат. Тоа ќе се овозможи преку новиот закон за администрација кој е сигурен рецепт за партизирана администрација.

Зоран Заев преку измени на овој закон истовремено ќе овозможи и бркања од работа на вработените кои не се политички подобни.

Владата на СДС единствено на овој начин ќе ја сруши професионалноста на администрацијата газејќи ги европските стандарди и законските решенија донесени во согласност на експертската јавност.

Со укинувањето на психолошкиот тест и меѓународните сертификати за познавање на еден од трите странски јазици е само уште еден доказ дека на владата на СДС не и е грижа за професионалноста и квалитетот во државната администрација, туку сакаат да го забрзаат процесот на вработување на партиски војници по институциите.

Преку измените на законот владата на СДС отвора пат за масовна чистка во институциите на сите немаат партиска книшка на СДС. Со новите измени предвидуваат дека со две негативни оценки добиени од претпоставениот, за кого е сигурно дека се партиски кадри на СДС, службеникот да може добие отказ без било каков приговор.

Со еден збор единствен квалитет за вработување и напредување во кариерата ќе биде партиската книшка на СДС, за која јавноста слушна дека ќе биде втората лична карта која ќе овозможува невидени повластици.

Со овие измени се укинува системот граден според придонеси и компетенции, и се воведува систем на грабеж со кој се означува целосно партизирање на администрацијата. Се врши целосна ерозија на систем граден со години“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот