ВМРО – ДПМНЕ: Не прифаќаме ултиматуми за одржување на локалните избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ категорично и јасно ги реафирмира своите принципиелни позиции да не прифаќа, во ниту една варијанта, условувања и ултиматуми за одржување на локалните избори закажани за 24 март 2013 година.

Ова е заклучокот донесен на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана во текот на вчерашниот ден, на која беше разгледана актуелната политичка состојба во Република Македонија и беше донесена одлука за утврдување кандидати за градоначалници во повеќе општини.

Извршниот Комитет повторно ја реафирмираше одлуката дека за ВМРО-ДПМНЕ се целосно неприфатливи условувањата и поврзувањето на одржување на локалните избори со каков било договор за одржување предвремени парламентарни избори или пак со какво било одложување на веќе закажаните локални избори.

– ВМРО-ДПМНЕ нема намера да дозволи со непринципиелни политики, со предизвикување инциденти, пресметки и блокади да се реализираат политички условувања и уцени и да се диктираат политички настани базирани исклучиво на личните желби и интереси на еден човек, наместо базирани на интересите на државата и граѓаните. Не постои ниту најмала, па дури ни теоретска можност ВМРО-ДПМНЕ да прифати компромис во кој би се споменувала каква било варијанта на предвремени избори или одложување на веќе закажаните локални избори, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ.

Доколку Бранко Црвенковски сака да ги одмери своите и силите на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ, од партијата уште еднаш го повикуваат да излезе на локалните избори закажани за 24 март.

Во соопштението се потсетува дека пред само неколку дена ВМРО-ДПМНЕ понуди пакет мерки со кои, се подвлекува, веруваме дека опозицијата може да се врати со полн капацитет во институциите и политичките процеси во државата, бидејќи пакетот мерки се однесуваше на сите грижи кои опозицијата ги истакнуваше во минатиот период.

Од ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш апелираат до СДСМ да се откажат од уцени и условувања и ги повикуваат да престанат да прават штета на сопствената држава и да се вратат во институциите и политичките процеси.

На седницата ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи за кандидати за градоначалници за Радовиш – Сашко Николов, за Чаир – Марија Ангелова, во Ресен – Ѓоко Стрезовски, Градско – Жанета Чаушевска, Василево – Ванчо Стојанов, Дебарца – Игор Трајковски, Долнени – Боше Милошевски, за Лозово – Орце Цветковски, за Брвеница – Стојан Тодоровски, за општина Чучер Сандево ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата поддршка на независниот кандидат за градоначалник Јован Пејковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски