А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не постојат никакви пречки да се одржат изборите на 24. април

by А1он17/01/2016 - 15:26103
Share0

„Не постојат никакви пречки да се одржат изборите на 24 април – Ова е кристално јасниот став на еврокомесарот Јоханес Хан. Ова е вистината која на површина го извади стравот на СДСМ од соочување со народот. СДСМ во ноември ги изгласа измените во изборниот законик каде како датум беше потврден 24-ти април. СДСМ заради сознанието дека нема поддршка од граѓаните сега сака да ја продлабочи и пролонгира кризата во која ја втурна Република Македонија.

Добивај вести на вибер

СДСМ е синоним за деструкција и СДСМ може да егзистира само во криза. СДСМ веќе три месеци учествува во Владата и освен Фабриката на афери и константната злоупотреба на институциите и унапредувањето на сопругот на Фросина Ременски, не реализираше ниту еден проект во полза на граѓаните.

Затоа СДСМ бега од ставот кој јасно го соопшти еврокомесарот Јоханес Хан.

„Во четвртокот имав контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите  во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам поттикнам сите да партиципираат на изборите.“

Раководството на СДСМ е избезумено од фактот дека на 24 април завршуваат нивните политички кариери. Со тоа завршуваат и сите унапредувања на нивните најблиски во институциите. Завршуваат сите криминални тендери во Струмица и сите уплати од по 100 000 евра во менувачницата на Вицето“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 14:0220/02/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:38

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен